Речиси еден час траеше интервенцијата на екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово кога избувна пожар утринава околу 11 часот на последниот кат од поранешниот хотел „Кристал“.
Пет пожарникари и едно противпожарно возило учествувало вог аснењето, а причинета е минимална материјална штета, со оглед дека гореле ќебиња и чаршави, дрвени сталажи на кои имало поставеноп материјали за работа, претежно текстил.
Хотелот е во стечај веќе со години, а во него во 2001 година беа сместени раселените лица од липковскиот регион откако заврши тогашниот воен конфликт.