Шестгодишно дете од Куманово загина откако денеска околу 11 часот кога лифт во зграда лоцирана на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ го згмечило неговото тело.
Loading...
Според соседитекои се видно потресени во моментот на трагедијата детето било само во лифтот. Најверојатно кога го притиснало копчето раката му се заглавила помеѓу лифтот и окното и го завлекло надолу.
На местото на настанот се екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово, а полицијата врши увид на местото на несреќата.