На преглед кај матичен првин со верификација на телефонски број

Сподели со своите пријатели

Пациентите кои ќе одат на преглед или по упат кај матичен лекар, првин ќе треба да го верификуваат својот телефонски број во системот Мој Термин.

Loading...

– Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број. Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем, информираат од Министерството за здравство.

Во моментов, како што додаваат од МЗ, процесот сè уште не е задолжителен, но во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2024/2025 година

Сепак, системот предвидува исклучоци во одредени случаи:

– Итни медицински случаи – внесување во системот без верификација.

– Деца и изнемоштени лица – можат да бидат верификувани преку друго лице (еден телефонски број за повеќе пациенти).

– Корисници на мобилната апликација Мое Здравје – можат самостојно да ја завршат верификацијата, без вклучување на матичниот лекар.

Верификацијата се прави еднократно, што значи дека пациентите треба да го потврдат својот телефонски број само при првиот преглед.

Loading...

– Оваа промена се базира на анализи кои покажаа дека значителен број пациенти не се појавуваат на закажаните термини поради неажурирани телефонски броеви. На пример, повеќе од 50% од пациентките со закажани прегледи за дојка не се појавиле, со што биле изгубени термини кои можеле да бидат искористени за други пациенти, велат од ресорното министерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници стојат зад дел од случаите со лажни дојави за бомби во училишта

Поради ова од вчера дел матичните лекари низ државата стапуваат во штрајк во одредени периоди од денот.

Никола Ивановски