Градежен работник од Куманово загина по пад од објект во изградба

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен градежен работник од Куманово загинал при пад од објект во изградба во скопската населба Кисела Вода.

Loading...

– На 25.02.2025 во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од село Черкези, кумановско, кој подоцна починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот бара построги контроли против ноќните излегувања на малолетници (ВИДЕО)