Папата Франциско, кој е во критична состојба во болница поради билатерална пневмонија, добро спиел во текот на ноќта, соопшти утрово Ватикан.
Папата беше примен во болница во Рим на 14 февруари поради тешка болест која предизвика и други здравствени проблеми, објави Ројтерс.
Во понеделникот Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“, додавајќи дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.
Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни во двете бели дробови, што го отежнува дишењето, објави агенцијата.
Ватикан ја опиша болеста на папата како „сложена“, истакнувајќи дека таа е предизвикана од дејство на два или повеќе микроорганизми.
Папата Франциско, кој стана папа во 2013 година, имаше здравствени проблеми во последните две години.
Тој е особено подложен на инфекции на белите дробови, бидејќи како млад човек добил плеврит и морал да му биде отстранет дел од едното белодробно крило, пренесува Танјуг.