Се урна надвозник во изградба во Јужна Кореја, загинаа тројца работници

Сподели со своите пријатели

Тројца работници загинаа, а шестмина се повредени при уривање на патен надвозник во изградба во Јужна Кореја, соопштија властите.

Loading...

Десет луѓе кои работат на градилиште во населбата Чеонан, на околу 90 километри јужно од Сеул, останаа заробени во урнатините, соопшти Националната агенција за пожари.

Еден од работниците бил пронајден мртов во урнатините, а осум повредени се пренесени во болница, од кои двајца подоцна биле констатирани мртви, соопштија пожарникарите.

Се трага по друго лице.

Пет лица и понатаму се во тешка состојба, соопштија властите.

Причината за уривањето не е позната.

Вршителот на должноста претседател Чои Санг-мог ги повика властите да го мобилизираат целиот расположлив персонал и опрема за да ги спасат работниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случува кога Папата ќе умре? Постојат строги протоколи!