311 нови фирми отворени лани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Троцифрен број на новоотворени фирми има и во: Куманово со 311, Гостивар со 270, Прилеп со 249, Струмица со 245, Штип со 210, Велес со 169, Кичево со 160, Кавадарци со 136, Гевгелија со 132, и Кочани со 121.

Loading...

Глобалните и домашните услови, иселувањето… Што сѐ влијае врз бизнис-иницијативата во земјава и ја демотивира? Војни, немири низ светот. Германската економија се соочува со проблеми. Дома имавме двојни избори, а тоа е период во кој сите сегменти се во застој. Економскиот раст на државата е најнизок во регионот, и стандардот е на тоа ниво.

Па, дали се отпочнува бизнис во такви околности и опкружување? Да, но со намален интерес. Минатата година во Македонија се отворени 338 фирми помалку во споредба со 2023 година. А, пак, во 2023 година биле отворени 148 фирми помалку во однос на 2022 година. Таа година била подобра од 2021 година со само три нови фирми. По стагнацијата уследил пад.

Еве што покажуваат податоците од Бизнис Мрежа коишто ги анализира Пари.

СТРУГА И ОХРИД СЕ ПРЕД КУМАНОВО И ГОСТИВАР

Во текот на 2024 година се регистрирани 8.179 нови фирми. Од над седумдесет градови и поголеми населени места во Македонија, во петнаесет од нив бројот на фирмите отворени лани е троцифрен. Промени се забележливи кај првата петорка. Од првото до третото место редоследот е ист  ̶  Скопје, Тетово, Битола. На четврто и петто место се Струга и Охрид, кои со бројот на новите фирми ги потиснаа Куманово и Гостивар.

Главниот град, каде што е населена половина држава, нема конкуренција ниту со новоформираните фирми, 3.326 на број. Сепак, опаѓачкиот тренд не го заобиколил Скопје, а изразен е со 86 фирми помалку во споредба со 2023 година (кога имало 3.412 нови фирми).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец меѓу приведените за шверц на 188 килограми марихуанa (ВИДЕО)

Разликата во Тетово е 71. Од 541 во 2023 година на 470 отворени фирми лани. Во Битола има 369 нови, а претходно биле 398. Негативата е 29 фирми.

Бизнис-подем, барем со бројот на нови фирми, има во градовите на охридското крајбрежје. Во Струга се регистрирани 329 (307 во 2023 година), а во Охрид 321 нова фирма (260 во 2023 година). Во случајот на најголемиот туристички центар има зголемување за 61 правен субјект. Веројатно туризмот и високата посетеност имаат удел во поттикнување на бизнис-импулсот.

Loading...

 

Троцифрен број на новоотворени фирми има и во: Куманово со 311, Гостивар со 270, Прилеп со 249, Струмица со 245, Штип со 210, Велес со 169, Кичево со 160, Кавадарци со 136, Гевгелија со 132, и Кочани со 121.

ЗГОЛЕМЕН Е ИНТЕРЕСОТ ЗА УМЕТНОСТ, СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

Најголеми можности за работа и за заработка нуди трговијата, веројатно сметаат сите што се одлучиле за бизнис во оваа дејност. Трговијата е постојано на врвот од листата, на која во 2024 година прави пробив секторот уметност, спорт и рекреација. Овој сектор го зазема високото второ место со 981 нова фирма. Редоследот на другите е ист, но со извесни варијации во бројките.

На пример, во трговија на големо и на мало лани почнале со работа 1.818, а преклани 2.204 фирми.

Исто како и во 2023 година, градежништвото е на третата позиција, овојпат со 894 фирми. Тоа се 40 повеќе од преклани. Растечката тенденција е присутна веќе некое време, што не е изнанадување со оглед на градежните активности што се изведуваат на територијата на целата држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири пожари вчера во Куманово, три во Старо Нагоричане

Следи дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, која во 2024 година се подновила со 803 фирми. Скорот е за две фирми подобар од 2023 година.

Затоа, пак, кај преработувачката индустрија има минус од 93 претпријатија во однос на 2023 година. Во 2024 година проработеле 696, а во 2023 година 789 фирми.

Loading...

 

САМ СВОЈ ГАЗДА – ПРВ ИЗБОР

Повеќе од половината нови фирми, поточно 58,7 насто, се ДООЕЛ. Станува збор за бројка од 4.802 новоотворени фирми. И овде е забележливо намалување во однос на 2023 година и тогашните 4.927 новоотворени фирми. Како и да е, лицата коишто отпочнуваат бизнис сметаат дека е најдобро да си сам свој газда.

Под ставката Друго се регистрирани 1.561 фирма (1.514 во 2023 година). Потоа следува формата ДОО со 1.182 (во 2023 година 1.358) од новооснованите фирми. Намален е и бројот на регистрираните трговци поединциод прекланските 641 на 546 лани.

Меѓу новосоздадените фирми има 53 ПДОО  ̶  поедноставено друштво со ограничена одговорност. Тоа е напредок во споредба со прекланските 34. Но, без оглед на растот, се смета дека ни оддалеку не се постигнале очекуваните ефекти од можноста да се отвори фирма за едно евро, дадена во 2021 година.

 

ОД НОВИТЕ ФИРМИ  ̶  99,82 НАСТО СЕ МИКРОПРЕТПРИЈАТИЈА

Анализирано по големина, доминираат новосоздадените микрофирми, што упатува на тоа дека и подобро и поедноставно е да се управува со фирма од миниформат. Поефикасно се спроведуваат работните активности, не е потребен ангажман на работна сила, трошоците се пониски… Лани се евидентирани 8.164 вакви претпријатија. Тие претставуваат 99,82 отсто од вкупниот број нови регистрирани фирми.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Љубовен Мјузикл“ утре во Занаетчискиот дом во Куманово

Податоците покажуваат дека се формирани 12 мали, кои вообичаено бројат до 50 вработени, и три големи фирми, кои бројат до 250 работници.

 

ЧЕТВРТИНА ОД ФИРМИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ВО ЈУЛИ

Се вели дека со бизнис треба да се почне во моментот кога ќе се наредат елементите во мозаикот, односно кога се исполнети сите предуслови за успешен старт – капитал, локација, опрема, работна рака, логистика…

Се чини дека минатата година ѕвездите за бизнис биле најнаклонети во јули. Тогаш се отворени најмногу фирми – 2.032. Тоа е една четвртина од сите формирани лани.

Во текот на другите месеци статистиката се движи од 373 во декември до 707 во јануари. Еден месец пред јулскиот бум, во јуни, била регистрирани 481 фирма.

Loading...

 

Секако, успехот не зависи од астрологијата или од месецот во годината. Освен заложбите и начинот на работење, клучен е деловниот амбиент. На таа тема често се зборува, а од бизнис круговите произлегуваат сериозни забелешки и укажувања. Без оглед на големината на фирмата, на дејноста…, проблемите и пречките на кои наидуваат, се исти. Некој гласно и јавно, некој во приватни разговори, но нема претставник од деловната заедница што не проговорил за админстративните проблеми, за долготрајноста на процедурите, за барањата и наметнатата потреба нешто да се даде „под рака“ за да не дојде до застој или за да се забрза работата. Тука, веројатно, е и одговорот на прашањата – зошто опаѓа интересот за отворање фирми и што ја души бизнис-иницијативата во Македонија.

Целата анализа на следниот линкhttps://pari.com.mk/od-godina-vo-godina-se-pomalku-se-otvoraat/

Редакција Пари

Loading...