Четири пожари вчера во Куманово, три во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Четири интревенции вчера имале кумановските пожарникари, а три бележат пожарникарите во Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција на кумановските пожарникари била во атарот на селото Зубовце.

Таму горела сува трева, а огнот го гаснеле тројца пожарникари во период од 15:20 до 21:45 часот.

И во атарот на Агино село горела сува трева. Тројца пожарникари таму интервенирале во период од 15:35 до 19:40 часот.

Сува трева горела и во населбата Карпош, во близина на ресторанот „Хавана“. Тројца пожарникари интервенирале во период од 18:35 до 19:35 часот, а според пожарниакрите причина за пожарот е човечки фактор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец меѓу приведените за шверц на 188 килограми марихуанa (ВИДЕО)

Последната интервенција била доцна во вечерните часови кога се запалила рампа на наплатната станица Романовце на автопатот Куманово – Скопје.

Интервенирале петмина пожарникари во период од 22:45 до 00:05 часот. Според наведеното, причина за избувнување на пожарот е неисправна електрична инсталација.

И пожарникарите во Старо Нагоричане мака мачеле со пожари на отворено.

Loading...

Првата интервенција ја имале во селото Младо Нагоричане каде гореле сува трева, но се запалил и електричен столб. Интервенирале двајца пожарникари во период од 17:25 до 18:15 часот.

Сува трева и грмушки гореле во атарот на селото Облавце. Опожарена била површина од околу три хектари. Интервенирале двајца пожарникари во период од 18:15 до 19:40 часот, а како причина за избувнување на пожарот се наведува човечки фактор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  311 нови фирми отворени лани во Куманово

Сува трева горела и во атарот на селото Ругинце. Таму во период од 19:40 до 21:00 часот интервенирале двајца пожарникари. Опожарена била површина од околу 0,2 хектари.

Во моментов нема информации за атктивни пожари.

Никола Ивановски