Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово и во текот на вчерашниот ден интервенирале во гаснењето на пожарот кој со денови е активен на депонијата „Краста“ во село Пчиња, информираат денес од Регионалниот центар за управување со кризи.
Интервенцијата на депонијата е започната пред три дена, а вчера пожарникарите со пет противпожарни возила се справувале со пожарот од 8:15 до 19 часот.
Интервенција бележат и кај местото викано Багрем бања, каде горела сува трева. Интервенцијата траела од 13:17 до 15:40, а во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Причините за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета не се познати.
Loading...