Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово учествуваше на 22 по ред „Сабор културног стваралаштва Србије“ кој се одржа од 15ти до 20ти месецов во Косовска Митровица од каде учесниците се вратија со две освоени награди.
Loading...
[huge_it_gallery id=”389″]
Првата награда е за најдобар оркестар, а втората за изворност и зачувување на братските врски со самиот сабор, на кој КУД „Панче Пешев“ учествуваат веќе години наназад, а во 2014 година се вратија и со гранд при награда.
На манифестацијата учество земале над 400 љубители на фолклорот од Србија, Црна Гора и македонија.
Ни беше чест да учествуваме на оваа манифестација со нашиот братски народ, настапувавме, но и се дружевме со учесници од целиот Балкан. Оваа манифестациај е од големо значење, не само за промоција на нашата култура и традиција, туку и за социјализација и подобро запознавање со учесниците од голем број земји – вели Мирослав Крстевски, уметнички директор на КУД „Панче Пешев“.
Инаку, оваа година Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ оваа годна слави значаен јубилеј од 90 години постоење, кој ќе биде одбележан со голема манифестација веќе на есен, а во петок пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржат настап како најава за одбележувањето на годишнината.