Македонија во жолта фаза – температури до 38 степени

Сподели со своите пријатели

Центарот за управување со кризи и за денес најави жолта фаза поради високите температури и топлотниот бран од кој е зафатена Република Македонија.

Температурите, според УХМР, во текот на денот ќе достигнат максимум во интервал од 27 во Маврово до 38 во Гевгелија.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево и спарно време со температура до 34 степени целзиусови и слаб ветер од северен, односно североисточен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека до сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло.

Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.