Руските сили ноќва уништиле 15 украински дронови

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека 15 украински дронови биле уништени во текот на ноќта над шест региони на Русија.

Loading...

„Во текот на ноќта, дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 15 украински дронови: седум беспилотни летала над територијата на регионот Краснодар, три над регионот Брјанск, два над територијата на Ростовската област и по еден над регионот Белгород и Република Крим“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесе агенцијата Интерфакс.

Во исто време, украинските медиуми објавија дека најмалку шест жители на Костјантинивка и Краматорск се повредени во руски ракетни напади врз цели во областа Доњецк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин ги повика руските дипломати да се борат против фалсификувањето на историјата и русофобијата

Шефот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, на својот канал Телеграм потврди дека шест лица се ранети во руски ракетни напади на северот на регионот Доњецк, пренесува Укринформ.

Според овој украински функционер, Костјантинивка била погодена со четири руски проектили и биле повредени четири лица, кои биле пренесени во болница.

Тој наведува дека најмалку две лица кои биле заедно во една куќа се ранети во руските напади врз Краматорск.

„Во моментов знаеме дека две лица се повредени во приватна куќа, но допрва треба да се утврдат конечните последици од гранатирањето“, објави Филашкин на Телеграм.