Пентагон двојно го зголеми бројот на медиумски организации кои мора да ги напуштат канцелариите

Сподели со своите пријатели

Пентагон го удвои бројот на медиумски организации кои мора да ги напуштат своите канцеларии во зградата, за да бидат заменети со други медиуми според новата програма за „годишна ротација на медиумите“.

Loading...

Во меморандумот испратен од Министерството за одбрана се наведува дека Си-Ен-Ен, Вашингтон Пост, Хил и Вар зоун ќе бидат ротирани, и ќе мора да ги напуштат канцелариите, пренесе Ројтерс.

Пред една недела, Пентагон објави дека Њујорк Тајмс, Ен-Би-Си Њуз, Политико и Националното јавно радио, исто така, ќе мора да ги напуштат канцелариите во Пентагон.

Новите медиуми кои ќе добијат простор ги вклучуваат New York Post, Breitbart, Washington Examiner, Free Press, Daily Caller, Newsmax, Huffington Post и One America News Network, од кои повеќето се идентификувани како конзервативни или симпатизери на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Организациите кои ги напуштаат просторите и понатаму ќе останат членови на прес-групата на Пентагон, се наведува во меморандумот, истакнувајќи дека целта на ротацијата е да се направи простор достапен за другите медиуми.

Повеќе од дваесетина новински организации, вклучително и Ројтерс, известуваат за секојдневните активности на американската војска.

Здружението за печат на Пентагон, кое ги претставува новинарите кои ја покриваат работата на Министерството за одбрана, изрази шокираност и длабоко разочарување од одлуката на Пентагон да го удвои бројот на организации што ќе ги отстрани од работните простори на Пентагон, од четири на осум.