Градоначалникот Дамјановски беше во работна посета на НР Кина (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски како потпретседател на ЗЕЛС изминатите неколку дена претстојуваше во работна посета на Народна Републака Кина, каде присуствуваше на Самит на групата од Средна и Источна Европа, односно групата 16+1, заедно со Кина.

 

Loading...

DSC02068-1

Суштината на иницијативата на групацијата на Средна и Источна Европа, 16+1 и Кина е да се направи соарботка во насока на економскиот развој пред се социјалната, културната размена и сите оние делови од општествениот живот кои се битни за фунцкионирање на општеството односно една соработка со Далекиот Исток, односно со Република Кина, бидејќи интересот на овој економски гигант во поновата декада која е меѓу најразвиените економски држави, е влегување на капиталот во овој регион. Суштината на проектите се пред се инфраструктурни – рече денес Дамјановски на прес конференција.

viber-image-2

 

На самиот Самит како што рече Дамјанвски присуствувале лидери, премиери и заменици премиери на скоро сите држави од Средна и Источна Европа.

 

13517717_1348481095179458_145711571_o

Целта е зближување и контакти и дефинирање на активните комунални и инфраструктурни проблеми и на тој начин изнаоѓање на проекти за побрзо решавање на овој отворен проблем, тоа е комуникацијата на Источна и Средна Европа со останатиот дел од светот, односно континентот Азија – додава Дамјановски.

viber-image

 

Loading...

Својот прв престој во Народна Република Кина, градоначалникот на Општина Куманово освен за Самитот го искористил и да се запознае со културата и традицијата на овој народ, а од таму се враќа и со декларација за членство на Самитот.

DSC_0175