Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи права“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот со намера да избегне извршување врз основа на решение за извршување од Основен суд Куманово од кругот на правниот субјект ДПТТУУ „ИСКРА КЕН – Е.К.“ Куманово во својство на управител дислоцирал на непозната локација шест товарни и приклучни возила кои биле предмет на извршување со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.990.020 денари, а за истиот износ го оштетил С.С. спречувајќи го извршувањето на правато на сопственост на наведените возила.