Мексиканските нарко картели им наредија на своите членови да користат самоубиствени беспилотни летала и експлозиви за да ги таргетираат американските гранични полицајци поради зголемените акции за борба против илегалната имиграција што ги започна администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интерен меморандум со наслов „Сигурно предупредување за службеникот“, кој беше објавен во медиумите, на полицијата и федералните агенти кои работат на границата со Мексико им се советува да бидат внимателни и да носат балистичка заштита и да користат оружје, пишува Фокс њуз.
Во меморандумот се предупредува дека водачите на мексиканските картели одобрија употреба на беспилотни летала опремени со експлозиви против агенти и членови на американската војска кои работат на границата.
Во извештајот се посочува дека од 1 февруари, Секторот за разузнавање и операции во Ел Пасо (EPT-IOC) добил информации за намерата на картелите да користат беспилотни летала за да ги нападнат американските агенти и ги советува сите агенти на граничната патрола и персоналот на Одделот за домашна безбедност да да бидат во состојба на висока готовност од одбраната, доколку забележат беспилотни летала.
Според Фокс њуз, картелите се свесни дека проактивното американско присуство на границата може да ги загрози нивните профити од трговија со дрога и шверц на луѓе.