И за утре, 21-ви јуни Центарот за управување со кризи прогласи портокалова фаза, односно алерт 2 за четири региони во Република Македонија, додека останатите два ќе бидат зафатени со жолта фаза, односно алерт 1.
Во портокалова фаза утре ќе бидат: Скопје, Куманово, источниот и југоисточниот дел од државата и пелагонискиот регион, додека западниот дел од државата ќе биде зафатен со топлотен бран од прв степен.
Од управата за хидрометеоролошки работи за утре повторно најавија многу топло време со максимални температури до 39-от степен, а веќе од среда ќе имаме за степен-два пониска температура.
Во Куманово и околината утре ќе преовладува сончево време со замаглување и максимална температура до 36-от степен целзиусов, а региониот ќе биде под портокалова фаза.