Геолози од Универзитетот во Гетинген открија дека голема пукнатина во Земјината кора почнува да се формира под Турција.
Loading...
Оваа пукнатина се појавува на местото каде што се спојуваат две големи тектонски плочи – арапската и евроазиската, пишува германскиот портал Scinexx.
Истражувањата покажаа дека морското дно продолжува да тоне во внатрешноста на Земјата, но во една специфична област, овој процес е запрен, предизвикувајќи издигнување на карпести формации.
Геолозите веруваат дека пукнатината ќе се прошири кон Ирак.
Иако овие геолошки промени се значајни, научниците оценија дека нема сериозна закана.