Рубио: Украина уназадена 100 години поради конфликтот со Русија

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претходниот американски претседател Џозеф Бајден погрешно пресметала со финансирањето на Украина во нејзиниот конфликт со Русија и некако успеа да ги убеди луѓето дека Киев не само што може да победи, туку и да ја уништи Москва.

Loading...

Украина е уназадена 100 години поради конфликтот, нејзиниот енергетски систем е сериозно оштетен, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Официјалниот претставник додаде дека многу Украинци ја напуштиле земјата и сега живеат во други земји и веројатно никогаш нема да се вратат.

– Украина е уништена и губи се повеќе територии – нагласи Рубио.

Државниот секретар истакна дека Трамп планира да постигне мир во Украина преку преговори.

Тој, исто така, го повтори апелот за прекин на украинскиот конфликт и изрази став дека секоја страна ќе мора да жртвува нешто во текот на преговорите за да го прекине.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како љубовницата на Путин стана „царица“ на рускиот спорт? За неа не важат правила, а нејзината моќ само расте

– Во сите преговори страните мора да се откажат од нешто. Нема да зборувам за тоа однапред. Ни претстои тешка дипломатска работа, со која се занимававме и претходно, гледаме реално – нагласи тој во интервју за новинарката Мегин Кели.

Русија стана посилна од почетокот на војната

Рубио, исто така, истакна дека многу непријателски земји кон САД станале посилни во последните четири години, кога со земјата управуваше поранешниот претседател Бајден, вклучително и Русија.

Loading...

– Ако го погледнете светот, би рекол дека нашите противници се многу посилни од кога било и станаа посилни во последните четири години. Се разбира, Русија не се смета за послаба отколку што беше пред четири години. Сега тие контролираат територија што ја немаа кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја напушти функцијата – истакна Рубио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судија ја спречи администрацијата на Трамп да префрли трансродово лице во машки затвор

Трамп наскоро ќе ги контактира Путин и СИ

Американскиот државен секретар најави дека негова главна задача како шеф на американската дипломатија е обезбедување на националните интереси на Америка.

– Светот е поларизиран, а глобалната ситуација е под влијание на Кина и Русија, Иран и Северна Кореја – оцени тој.

На крајот, тој заклучи дека во вакви услови расте важноста на личните контакти меѓу американскиот претседател и лидерите на другите земји, особено Русија и Кина, и вети дека тие ќе се случат наскоро.

Претходно Трамп повика на прекин на украинскиот конфликт.

Тој рече дека доколку не се постигне договор меѓу страните во конфликтот, нема да има друг избор освен да воведе високи даноци, царини и санкции за се што Русија ќе им продаде на САД и на другите земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина повторно напаѓа со дронови, гори рафинеријата во Волгоград

Во исто време, пред неколку дена, Трамп во една од своите изјави призна дека не е сигурен дали санкциите можат да ја „присилат“ Русија да започне мировни преговори.

Волстрит журнал претходно објави дека американскиот претседател Трамп го задолжил својот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, да го прекине украинскиот конфликт во рок од 100 дена.

Loading...

Според весникот, тој оценува дека постигнувањето договор со Путин ќе биде многу потешка задача отколку што Трамп ја претстави за време на изборната кампања, кога рече дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата претседател.