Опасна шема на измама во Куманово – мета повозрасните граѓани

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица од Куманово биле измамени вчера, а во повеќе случаи имало обид за измама со наводна сообраќајна несреќа и полицаец кој бара мито.

Loading...

Осумдесет и тригодишен кумановец бил измамен за сума од 100.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.

Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неовиот син и сфатил дека е измамен.

Без 2.500 евра останала 66-годишна кумановка, а приказната со која ја измамиле била иста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е изградбата на Гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово (ФОТО)

– Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично, велат од СВР Куманово.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена.

Уште еден 74-годишен кумановец пријавил дека некој се обидел да го измами на сличен начин, но тој се посомневал во кажаното и веднаш пријавил во полиција.

Loading...

До редакцијата на Кумановски Муабети пристигнаа информации за најмалку уште еден случај, но лицето не пријавило во полиција, оти сфатило веднаш дека е измама.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

На жена од Куманово вчера околу 08:30 часот ѝ се јавило женско лице по телефон кое плачело и барало помош. Наводно ѝ рекле дека тоа е нејзината ќерка која имала сообраќајка, но жената бргу сфатила дека е измама оти нејзината ќерка во тој момент не била во Скопје, туку со неа во Куманово.

Измамниците добро подготвени

Според информациите до кои дојде Кумановски Муабети, измамниците се добро подготвени, однапред ги знаат имиња на роднините на кои се јавуваат и нивните роднински врски.

Откако ќе им ја продадат приказната за наводна сообраќајка на жрвата и велат дека ќе испратат такси да ги однесе до одредена локација на која треба да ги остават парите.

– Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и дека потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци. Под закана ограбиле продажен објект!

Од кумановската полиција апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

СВР Куманово вели дека презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите.

Сепак ваквите измами не се нови, во текот на 2024 година биле регистрирани две измами со сообраќајни незгоди.

Loading...

Никола Ивановски