Јужна Кореја назначи нови амбасадори во 11 земји, вклучувајќи го и својот прв во Куба, пишува „Јонхап њуз“, пренесува Анадолу.
Loading...
Ли Хо-јул, кој служеше во амбасадата на Јужна Кореја во Мексико, ќе биде амбасадор во Куба.
Јужна Кореја воспостави дипломатски односи со Куба, сојузник на Северна Кореја, во февруари минатата година.
Куба веќе го назначи Клаудио Монцон Баеза за свој главен пратеник во Јужна Кореја. Монзон ја презеде функцијата претходно овој месец.