Почна бојкотот на маркетите

Сподели со своите пријатели

Македонија денеска ќе ги блокира големите ланци маркети во знак на ревлот од континуираното зголемување на цените на основните животни намирници.

Loading...

Најавувана со денови преку социјалните мрежи, ваквата иницијатива наиде на голема поддршка од граѓаните, но и од дел од политичарите.

Според повикот граѓаните денеска неопходните работи треба да ги пазарат во малите драгстори низ своите населени места, а да ги избегнуваат големите ланци маркети.

Занаетчиската комора апелираше до пекарниците, да ги продаваат нивните производи со намалени цени.

Маркетите денеска во најголема мера ќе останат празни, иако некои веќе побрзаа да направата акции и да ги намалат цените на одредени производи. Други ќе прават попис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

Веќе се прават планови ваквите бојкоти да станат пракса, и тоа да се бојкотира на подолго време ланец на маркети кој нефер постапува во однос на ценовната политика. Потоа, нема да бидат поштедени ниту производителите, односно доколку се воочи дека одредени производи од некоја индустрија, како млечна месна или кондиторска или сл. ги зголемуваат цените на производите неосновано, иницијатива за бојкот ќе следува и за нив.

За денеска бојкот на маркети е организиран во скоро сите држави од поранешна Југославија.

Никола Ивановски

Loading...