Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

 

Од почетокот на следната работна недела се очекува суво време, но со пад на температурите.

Loading...

Никола Ивановски