Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопштено е денеска во Тел Авив.
Средбата е закажана за 4 февруари, се прецизира во соопштението и се истакнува дека Нетанјаху е првиот странски лидер кој добил покана да се сретне со Трамп во неговиот втор мандат.
Откако канцеларијата на Нетанјаху објави дека средбата ќе се одржи на 4 февруари, официјален претставник на Белата куќа за The Times of Israel изјави дека се уште не е одреден датум, но потврди дека поканата е упатена.
Се очекува Нетанјаху на тој состанок да се обиде да го убеди Трамп да ја укине забраната за испорака на одредено оружје за Израел, наметната од поранешниот претседател Џо Бајден.