Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера поради агресивно однесување кон полициски службеници.
Loading...
– На 28.01.2025 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(46) од Куманово затоа што на улица „Никола Тесла“ во Куманово агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски