Нов потег од Белата куќа: На федералните вработени им нудат пари во замена за отказ

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп во вторникот соопшти дека нуди стимулации за речиси сите федерални вработени да се откажат и предупреди на плановите за намалување на јавниот сектор.

Loading...

„Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, но не мора да работат, се вели во е-пошта испратена до федералните вработени и видена од Ројтерс.

Федералните отпремнини обично се ограничени на 25.000 американски долари. Вработените добија рок до 6-ти февруари да донесат одлука.

Во мејлот се наведува и дека администрацијата очекува „поедноставна и пофлексибилна работна сила“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон: Има загинати! (ВИДЕО)

Иако војската и некои агенции најверојатно ќе го зголемат бројот на својот персонал, повеќето агенции најверојатно ќе бидат намалени преку реструктуирање и отпуштања.

Белата куќа веднаш не коментираше.

Претседателот на американската федерација на владини службеници Еверет Кели рече дека предлогот „не треба да се смета за доброволен.

Помеѓу низата извршни наредби и антиработнички политики, јасно е дека целта на администрацијата на Трамп е да ја претвори федералната влада во токсична средина каде што вработените не можат да останат дури и ако сакаат“, рече тој.

Loading...