Куманово загуби 174 ученици за едно полугодие

Сподели со своите пријатели

Со 174 ученици помалку започна образовниот процес во второто полугодие во основните и средни училишта во Куманово.

Loading...

Обемниот извештај и анализи на Секторот за образование при Општина Куманово покажува дека од основните училишта се отпишале 111, а од средните 63 ученици.

Најголем проблем миграцијата на Запад

Најголема причина за ваквата црна статистика, според реководителот на Секторот, Александар Јовановиќ, главна причина е миграцијата.

– Населението мигрира. Ако еден од родителите добиле работна дозвола си го повлекува семејството, клупите се празнат, има и родители кои бараат азил и ги земаат учениците со нив, рече тој.

Допрва ќе се очекуваат проблеми во образовниот проес, вели Јовановиќ, пред се со оние кои се враќаат по неколку години и се обидуваат повторно да го продолжат образованието.

– Таму земаат некои дипломи и свидетелска кои не можат да се нострифицираат и на тој начин престојуваат повеќе години во некои од државите во европа. Но, тоа дете надминува возраст за учење и доаѓа до дисбаланс или многу ученици со прерасната возраст кои треба да следат со своја генерација, но немаат доволно знаење во тој сегмент па се префрлаат во паралелки и следат настава со ученици кои не се нивна возраст. Допрва ќе имаме проблеми пред се во функционирање на паралелките во основно училиште, рече Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед

 

Loading...

 

Најмногу отпишувања во „Христијан Карпош“ и „Наце Буѓони“

Според анализата на Секторот за образование кај основните училишта најголем број отпишани ученици во првото полугодие од тековната учебна година имало во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо. Таму второто полугодие започнало со 37 ученици помалку.

Број на отпишани ученици во основните училишта

 

Од средните училишта најголем број отпишувања имало во техничкото училиште „Наце Буѓони“.

На територија на Куманово функционираат четири средни училишта на кој основач е советот и дополнително петто регионален центар кое е под МОН.

 

Број на отпишани ученици во средните училишта

Loading...

 

Опаѓа бројот на првачињата, за прв пат под 1.000

Во прво одеелние во учебната 2024/25 година во 16 училишта во градот, се запишале 996 ученици, на македонски наставен јазик 651 и на албански јазик 345 и еден на српски јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Привеен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла прашкаста материја

 

Број на запишани првачиња во учебната 2024/25 година

 

Моментално во кумановските основни училишта настава посетуваат 9.610 ученици. До пред некоја година имало раст на бројот на запишани првачиња, но годинава прв пат падна под 1.000.

– Доколку ги погледнеме анализите од година во година имавме благо зголемување, а сега и голем пад. Пред се поради намален наталитет на населението кој од 1991 година оди во надолна линија и дополнително внатреопштинска преселба од рурални средини кон градско подрачје и миграција кон западноевропските земји, појасни раководителот.

Во учебната 2022/23 година се запишале 1.070 ученици, во 2023/24 – 1.089 , но годинава за прв пат таа бројка бележи пад и изнесува  997 првачиња.

Loading...

 

Број на запишани првачиња во изминатите години

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово објави јавен повик за субвенции за инвертер клими

Капацитите на средните училишта половично исполнети

Капацитетите на средните училишта се исполнети едвај половина. Во тековната учебна година се запишале 55,45 отсто во однос на предвидените капацитети.

Според огласот на Министерството за образование и наука планирани биле 1.769 уписи во средните училишта, но се запишале 981.

– И оваа година најмногу ученици има во „Наце Буѓони“ и најатрактивна струка се информатика и медицина, појасни раководителот на Секторот, Јовановиќ.

Loading...

 

Број на запишани ученици во прва година средно образование во учебната 2024/25 година

 

Во 2024/25 година бројот на ученици во основно образование е 9.610 организирани во 585 паралелки или во просек 17 ученици во паралелка.

Во четирите средни училишта наставата во 2024/25 посетуваат вкупно 3.844 ученици организирани во 199 паралелки. Во просек 20 ученици во паралелка.

Loading...

Ако се оди по логиката дека со секој ученик се иселиле најмалку неговите двајца родители, се доаѓа до податокот дека од септември до декември градот го напуштиле минимум 522 граѓани.

Никола Ивановски