Oгромна дупка се отвори среде пат и проголта камион со се возачот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Огромна дупка се отвори вчера на сообраќајна крстосница во јапонскиот град Јашио, проголтајќи камион и неговиот возач.

Loading...

Дупката широка 10 метри и длабока 5 метри се отворила околу 10 часот по локално време.

„Веруваме дека дупката се отвори поради пукање на канализационата цевка во сливот на реката Накагава“, рече Мотохиро Оно, гувернер на префектурата Саитама.

И покрај напорите на спасувачите, возачот се уште е заробен во кабината која е исполнета со песок и кал.

Спасувачките тимови пумпале воздух во дупката за да му обезбедат кислород на возачот, објави Нипон ТВ.

Во меѓувреме, недалеку од првата дупка се отвори уште една дупка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремисти кои светот ги прифати како државници

Локалните власти ги повикаа жителите во радиус од 200 метри да се евакуираат бидејќи гасовод минува под земја.

На почетокот на акцијата за спасување, возачот бил свесен и комуницирал со спасувачите, но подоцна се појавиле информации дека спасувачите повеќе не можат да комуницираат со возачот.

Loading...

Во дупката останала само кабината, додека остатокот од возилото бил успешно извлечен.

 

 

Ова не е прв ваков инцидент

Имаше неколку инциденти со дупки во Јапонија во последниве години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во најстариот луксузен хотел во Швајцарија

Во септември во Хирошима се појави дупка откако пукна подземна водоводна цевка и се урна пат.

Неколку лица затрупани во зградите биле спасени од противпожарната служба.

Во 2016 година, уште една огромна дупка, широка 30 метри и длабока 15 метри, одеднаш се појави во Фукуока и проголта пет коловозни ленти.

Loading...

Инцидентот го привлече светското внимание бидејќи јапонските работници го поправија патот за неколку дена.