Повеќе од 376.000 Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа од понеделник наутро до вторник напладне, благодарение на кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас, соопшти вечерва хуманитарната агенција на ОН.
Мажите сочинуваат половина од раселените, жените и децата по четвртина, соопшти агенцијата на ОН, цитирајќи податоци од работната група која распоредила свои претставници на различни делови на територијата.
Бремените и постпарталните жени, старите лица, инвалидите, хронично болните и оние на кои им е потребна итна медицинска помош, како и малолетниците без придружба се меѓу клучните ранливи групи меѓу раселените кои тргнаа на ова тешко патување пеш, соопшти агенцијата. .
Владата на Хамас претходно денеска објави дека 300.000 раселени лица се вратиле на север од територијата, откако израелската војска го одобрила нивното враќање.