Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио вчера разговараа за војната во Украина, Иран и Кина, во нивниот прв телефонски разговор откако новата американска администрација ја презеде функцијата на 20 јануари.
„Разговаравме за глобалните прашања во кои ЕУ и Америка имаат заеднички интереси, вклучувајќи ја руската војна во Украина, злобното влијание на Иран и предизвиците што ги носи Кина“, изјави Калас за „Х“.
Таа нагласи дека „ЕУ и Америка се секогаш посилни заедно“, и дека со нетрпение ја очекува средбата со Рубио, пренесува Ројтерс.
Неименуван функционер изјави за агенцијата дека Калас и Рубио се фокусирале на заедничките приоритети, вклучувајќи го и континуираниот притисок врз Москва и патот кон праведен и одржлив мир во Украина.
Според извештаите, Калас и Рубио разговарале и за политичката транзиција во Иран и Сирија.
Калас „ја истакна зголемената инвестиција на Европа во одбраната и подготвеноста да преземе поголема одговорност, заедно со важноста од диверзификација на снабдувањето со енергија“, рече претставник на ЕУ, пренесува Танјуг.