Здружение на индустријалци: Германија е во длабока економска криза

Сподели со своите пријатели

Германија е во длабока економска криза, објави индустриското здружение BDI, оценувајќи дека активноста во најголемата економија во еврозоната благо ќе се намали во 2025 година.

Loading...

Доколку се оствари прогнозата на BDI за пад на активноста од 0,1 отсто во новата година, тоа би значело дека БДП ќе опаѓа три последователни години за прв пат од обединувањето на Германија.

Додека германската економија бележи пад на активноста, еврозоната би требало да порасне за 1,1 отсто, а светската за 3,2 отсто, според проценките на германското здружение, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Тоа значи дека Германија би го задржала своето место меѓу членките на еврозоната со слаби економски перформанси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремисти кои светот ги прифати како државници

„Ситуацијата е многу сериозна, особено во индустријата што претрпе структурен колапс“, рече претседателот на BDI, Петер Лајбингер во Берлин.

Структурни слабости од 2018 година

Според него, економската криза не е само последица на пандемијата и руската инвазија на Украина.

Проблемите се од домашна природа и се резултат на структурните слабости од 2018 година кои владите не успеаја да ги решат, посочи Лајбингер.

„Итно се потребни јавни инвестиции во модерна инфраструктура, трансформација и отпорност на нашата економија“, заклучи тој.

Loading...

На германската економија, тврди тој, и требаат пониски цени на енергијата, полесни регулативи и јасна стратегија која ќе ги зајакне иновациите и истражувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес го погоди Тајван

За Германија е важно повторно да покаже доверба и повторно да игра водечка улога во ЕУ, а Европа треба да биде стратешки помалку зависна, нагласува тој.