Зеленски и Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Киев, објави Зеленски на Телеграм.

Loading...

Средбата е одржана по церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска, пренесува Укринформ.

„Се сретнав со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за дополнителна поддршка за Украина“, напиша Зеленски.

Посебно внимание на средбата беше посветено на безбедносната соработка и можните формати на безбедносни гаранции за Украина и цела Европа, се вели во соопштението.

– Сметаме на поддршката на Франција во преговарачкиот процес за влез во ЕУ – рече Зеленски.

Кабинетот на украинскиот претседател потсети дека Франција му обезбеди целосна одбранбена поддршка на Киев во вредност од шест милијарди евра од почетокот на руската инвазија.

Како што е соопштено, Володимир Зеленски учествувал на настаните во Полска по повод 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау.