Вооружен напад во продавница во САД: Тројца убиени, меѓу кои и напаѓачот

Сподели со своите пријатели

Три лица се убиени, вклучително и осомничениот напаѓач, а двајца полицајци се ранети синоќа во пукотница во продавница во американската сојузна држава Индијана, соопштија официјални лица.

Loading...

Полицијата вчера околу 15:30 часот по локално време примила повик за пукање во супермаркет во Елкхарт, соопшти градската полиција преку социјалните мрежи.

Кога пристигнале полицајците, во продавницата пронашле двајца мртви.

Надвор од продавницата настанала размена на истрели меѓу полицајците и напаѓачот, при што двајца полицајци биле ранети, а напаѓачот бил застрелан и им подлегнал на повредите, се додава во полициското соопштение на Елхарт.

Ранетите полицајци со прострелни рани биле пренесени во болница. Еден од нив е пуштен од болница, а другиот е во стабилна состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Бремена жена која била во продавницата во моментот на пукањето изјавила дека слушнала шест до осум истрели, еден по друг.

Таа изјавила дека успеала да излезе од продавницата, видно потресена.