Приведени 9 лица од Куманово. Продавале тутун на пазарот и „Бувљак“

Сподели со своите пријатели

Девет лица од Куманово, меѓу кои и еден малолетник биле приведени вчера поради продажба на тутун на Градскиот пазар и пазарот за стари работи.

Loading...

– На 26.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што додаваат од МВР; кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица ќе одговараат за трговија со дете од Куманово

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност, стои во соопштението.

Никола Ивановски