Пожарникарите го контролираа новиот шумски пожар кој брзо се ширеше северно од Лос Анџелес во четвртокот, додека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом потпиша пакет помош од 2,5 милијарди долари за областа опустошена од пожар.
Пожарот Хјуз избувна на околу 50 милји северно од Лос Анџелес во средата, додека службите за итни случаи продолжија да се борат со два пожари на источниот и западниот раб на градот, кои горат повеќе од две недели.
Два пожари горат веќе 17 дена
Брзо изгоре околу 41 квадратен километар, но беше спречено да се шири со акциите на 4.000 пожарникари кои испуштаа вода и ретардант од воздухот, а од земја се бореа со рачен алат и црева.
Нив ги попречуваат силните ветрови и ниското ниво на влажност во воздухот.
Пожарот резултираше со евакуација на 31.000 жители и предупредување за евакуација на уште 16.000 луѓе.
Дожд и снег во планините се предвидуваат во областа на Лос Анџелес за време на викендот, што може да донесе олеснување, но и ризик од грмотевици, предупреди Националната метеоролошка служба.
Во пошироката метрополитенска област, пожарите Итон и Палисадес горат веќе 17-ти ден откако изгореа цели населби, при што загинаа 28 луѓе, а беа оштетени или уништени речиси 16.000 објекти.
Пожарот во Итон е локализиран околу 95 отсто, а пожарот во Палисадес е 72 отсто, изјави Кал Фајр.