Санчез најави дека на граѓаните кои не се членки на ЕУ ќе им биде забрането да купуваат недвижен имот во Шпанија

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека на граѓаните кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, ќе им биде забрането да купуваат недвижен имот во Шпанија.

Loading...

Санчез го објави планот на политички митинг, последна во низата мерки со кои сака да се справи со зголемувањето на цените на имотот и ограничената понуда, објави Скај њуз.

Обраќајќи им се на приврзаниците во неделата, Санчез рече дека неговата влада предлага да им се забрани на странците кои не се државјани на земја на ЕУ и на нивните роднини да купуваат куќи во Шпанија бидејќи тоа го прават, како што рече, „само за да шпекулираат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес го погоди Тајван, повредени 27 лица (ВИДЕО)

Шпанската централна банка неодамна процени дека до крајот на оваа година може да има недостиг од половина милион станови и куќи ширум Шпанија.

Санчез минатата недела изјави дека Шпанија би можела да воведе данок без преседан до 100 отсто на имотот донесен од луѓе надвор од ЕУ, пренесува Танјуг.