Маск одговари на нападите на критичарите: Досадни се со тоа „сите се Хитлер“

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Илон Маск им одговори на критичарите на социјалните мрежи кои го обвинија дека дал нацистички поздрав на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека таквите споредби се досадни.

Loading...

„Искрено, (критичарите) имаат потреба од подобри валкани трикови. Тој напад во стилот „сите се Хитлер“ е толку досаден“, рече Маск на платформата X.

Маск зборуваше на настан што се одржа во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, откако Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД.

„Ви благодариме што го направивте ова“, рекол Маск, по што направил гест што критичарите го споредуваат со нацистички поздрав, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе се обиде да го одврати Трамп од одлуката за повлекување на САД од СЗО