Трамп ќе воведе царини во февруари: „Тоа ќе не направи проклето богати“

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп не воведе веднаш царини во понеделникот како што претходно вети, но рече дека размислува на 1 февруари да воведе царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико поради илегалните имигранти и фентанилот што влегуваат во САД.

Loading...

Откако положи заклетва како претседател, Трамп не воведе брзо царини за два од американските соседи, но им нареди на федералните агенции да ги истражат постојаните трговски дефицити и нефер трговските практики, како и наводните манипулации со валутата од други земји.

Во претседателскиот меморандум, Трамп им наложи на Одделите за трговија и финансии, како и на Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да ги истражат ризиците што ги претставуваат големите трговски дефицити за економијата и националната безбедност „и да предложат соодветни мерки, како што се дополнителни глобалните тарифи или други политики, за поправање на таквите дефицити“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги укина американските санкции за израелските доселеници на окупираниот Западен Брег

Инвеститорите и странскиот капитал се подготвуваа за воведување тарифи на првиот ден на Трамп, што би можело да ги попречи долгогодишните трговски договори, но писмото на Трамп всушност бара дополнително истражување што би можело да ги поддржи идните тарифи.

Одложувањето на царините доведе до закрепнување на глобалните цени на акциите и зајакнување на другите валути во однос на доларот.

Американските финансиски пазари беа затворени во понеделникот, но повторно ќе бидат отворени во вторник.

Запрашан од новинарите во Белата куќа дали има намера да воведе универзална царина за сите увозни производи во САД, Трамп рече: „Можеби. Но, сè уште не сме подготвени за тоа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп планира да отпушти повеќе од 1.000 вработени во администрацијата на Бајден

Волстрит журнал во понеделникот напиша дека Трамп нема намера да воведува царини за трговски партнери како Канада, Мексико и Кина.

Loading...

Наместо тоа, тој планирал, пишува WSJ, дополнително да ги процени трговските односи со Кина и соседите на северноамериканскиот континент.

Но, се чини дека Трамп се предомислил.

„Размислуваме за 25 проценти за Мексико и Канада, бидејќи тие пуштаат огромен број луѓе. Мислам дека тоа ќе го направиме на 1-ви февруари“, рече Трамп по инаугурацијата.

Трамп, исто така, рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија преку царини или дополнителен извоз на енергија.

Тарифите беа тема во текот на денот на инаугурацијата, при што Трамп рече дека таквите мерки може да донесат „огромни износи“ на приходи за земјата, бидејќи неговата администрација се обидува да ја обнови американската индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка и авганистанските талибанци разменија затвореници

Тој рече дека тие ќе бидат собрани од нова агенција наречена Служба за надворешни приходи.

Во САД, УЈП се нарекува Служба за внатрешни приходи.

„Тарифите ќе не направат проклето богати“, им рече Трамп подоцна на поддржувачите во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон.

Loading...

„Тоа ќе ги врати (американските) компании кои нè напуштија“.