Израел ослободи 90 Палестинци откако Хамас ослободи тројца израелски заложници

Сподели со своите пријатели

Израел синоќа ослободи 90 палестински затвореници, неколку часа откако Хамас ослободи тројца израелски заложници, како дел од прекинот на огнот меѓу израелската армија и палестинското движење во Појасот Газа по повеќе од 15 месеци војна.

Loading...

Прекинот на огнот стапи во сила вчера, но со задоцнување од речиси три часа.

Хамас не го достави навреме списокот со заложниците, како што беше планирано, а потоа беа ослободени во текот на денот.

Палестинското движење соопшти дека тоа не е направено поради „компликации на теренот“ и „продолжено бомбардирање“.

Три млади Израелки ослободени вчера „поминаа низ пекол“ по 471 дена заробеништво, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Најмалку 630 камиони со помош влегоа во Газа за време на првиот ден од прекинот на огнот

Тие биле примени во болницата Шеба, во близина на Тел Авив, каде што се вели дека се „во стабилна состојба“.

Неименуван висок функционер на Хамас изјави за агенцијата Франс прес дека следното ослободување на заложниците ќе биде „идната сабота“.

Хамас најави дека за секој израелски заложник, 30 палестински затвореници ќе бидат ослободени од израелските затвори.

Loading...