Терестичка дезинсекција утревечер на подрачјето на општината Липково

Сподели со своите пријатели

Утревечер,15.06. 2016 година со почеток од 22 часот на територијата на Општина Липково ќе се изврши првата фаза од терестичката дезинсекција, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 3-4 часа по третирањето на даденото подрачје – стои во соопштението.

Третирањето ќе трае се до целосно исполнување на задачата.