Киев: Четири лица загинаа во рускиот напад

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица загинаа во рускиот напад врз Киев, изјави денеска шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Тимур Ткаченко.

Loading...

„За жал, веќе имаме четворица мртви во областа Шевченковски и тројца ранети“, изјави воен претставник на Телеграм.

Градоначалникот Виталиј Кличко претходно предупреди дека Киев е „во опасност од напад со балистички ракети“.

Руските сили денеска го нападнаа и центарот на Запорожје, каде беа ранети две лица.

Гувернерот Иван Федоров изјави дека делумно е оштетена зграда во индустриски објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ бара итно ослободување на адвоките на Навални