Официјални податоци: Германската економија во 2024 година претрпе пад

Сподели со своите пријатели

Германската економија минатата година падна за 0,2 отсто, по падот од 0,3 отсто на крајот на 2023 година, објави вчера германската Федерална статистичка служба (Дестатис).

Loading...

Резултатот се должи на падот во клучните сектори како што се автомобилската и машинската индустрија, а проблеми беа забележани и во градежната индустрија.

Германскиот услужен сектор минатата година порасна за 0,8 отсто, но со значителни варијации.

Стагнација е забележана во трговијата, транспортот и услугите за сместување, а во исто време раст е забележан во областа на информации и комуникации (ИКТ) за 2,5 отсто.

Бруто формирањето на фиксен капитал падна за 2,8 отсто, особено во германската градежна и машинска индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија ги зголемува трошоците за одбрана на пет до шест отсто од БДП од 2026 година

Потрошувачката на домаќинствата незначително се зголеми во 2024 година, за 0,3 отсто, со раст на трошоците за здравство и транспорт, додека државните трошоци се зголемија за 2,6 отсто, поттикнати од повисоките социјални бенефиции.

Надворешната трговија имаше проблеми, бидејќи германскиот извоз минатата година падна за 0,8 отсто, додека увозот благо се зголеми за 0,2 отсто.

Во декемвриската прогноза Бундесбанк правилно процени дека германскиот раст годинава повторно ќе биде негативен и ќе изнесува минус 0,2 отсто.

Loading...

Според сегашните прогнози, германската економија следната година ќе порасне за скромни 0,2 отсто и благо ќе забрза до 0,8 отсто во 2026 година и 0,9 отсто во 2027 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Германската економија се бори не само со постојани економски пречки, туку и со структурни проблеми, изјави по тој повод претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

Како што е наведено, германската индустрија е извозно ориентирана и под притисок да се прилагоди на промените како што се повисоките цени на енергијата, транзицијата кон јаглеродно неутрална економија или стареењето на населението.

Дополнително, германските компании се повеќе се соочуваат со протекционистички тенденции и зголемена конкуренција од земјите во развој на глобалните пазари, а Кина зазеде значителен пазарен удел во секторите како што се автомобилската и хемиската индустрија, како и механичкото инженерство, кои се особено важни за Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нигерија: Армијата уби членови на Исламска држава