Кремљ: Загрижени сме поради идејата за поместување на британската воена инфраструктура кон руските граници

Сподели со своите пријатели

Велика Британија е земја на НАТО и потенцијалното движење на нејзината воена инфраструктура кон границите на Руската Федерација е загрижувачко, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во врска со британско-украинскиот стогодишен договор за партнерство потпишан вчера во Киев.

Loading...

„Бидејќи Британија е земја на НАТО, движењето на нејзината воена инфраструктура кон нашите граници е секако прилично загрижувачки елемент“, рече Песков за новинарите.

Според документот, Украина и Велика Британија планираат да ја прошират воената соработка во голем број мориња, вклучувајќи го и Азовското Море.

На ова негативно реагираше Кремљ.

– Ова е внатрешното море на Русија и таму тешко може да се зборува за соработка меѓу Украина и Велика Британија – нагласи претставникот на Кремљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  200 претреси во Украина за избегнување мобилизација

Тој истакна дека Стогодишниот договор за партнерство не гарантира членство на Киев во НАТО.

– Во секој случај, ќе мора да продолжиме да анализираме што ќе се случи – додаде тој.

Британската влада претходно соопшти дека Лондон ќе ги истражува опциите за распоредување на елементи од одбранбената инфраструктура, вклучително и воени бази, како дел од Договорот за „Стогодишно партнерство“ со Украина.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, кој е во посета на Киев, во четвртокот го потпишаа Договорот за стогодишно партнерство меѓу Украина и Велика Британија.

Како што е најавено, документот ќе ги продлабочи билатералните односи во одбранбениот сектор, а дополнително предвидува натамошна воена помош за Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лекорни: Француски авион заплашуван синоќа над Балтичкото Море

Детали од договорот не беа соопштени.