Бројот на жители во Кина опаѓа трета година по ред

Сподели со своите пријатели

Според Националното биро за статистика, населението на Кина се намалило за 1,39 милиони на 1,408 милијарди во 2024 година.

Loading...

Во 2023 година, населението на Кина беше 1,409 милијарди.

Бројот на починати во 2024 година изнесува 10,93 милиони, а бројот на новороденчиња 9,54 милиони.

Една година претходно, овој сооднос изнесуваше 11,1 милиони смртни случаи и 9,02 новороденчиња.

Стапката на наталитет во Кина опаѓа веќе неколку децении, а како причини се наведуваат кинеската политика за едно дете од 1980 до 2015 година и брзата урбанизација.

Како и во соседните Јапонија и Јужна Кореја, голем број Кинези се преселија од руралните области во градовите каде што е многу поскапо да се одгледуваат деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Годишната инфлација во еврозоната во декември е највисока во последните пет месеци

Високите трошоци за грижа за децата и образованието, несигурноста на работата и забавената економија се причините поради кои сè помалку млади Кинези се мажат и основаат семејства.

Браковите се еден од водечките показатели за стапката на наталитет во Кина, каде што многу самохрани мајки имаат потешкотии да пристапат до детски додатоци и други бенефиции поврзани со одгледувањето деца.

Loading...

Бројот на бракови се зголемил за 12,4 отсто во 2023 година, но тоа се припишува на браковите кои постојано биле одложувани поради пандемијата на коронавирус, а незначително се зголемил и бројот на новороденчиња, но демографите очекуваат овие бројки повторно да се намалат во 2025 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија ги зголемува трошоците за одбрана на пет до шест отсто од БДП од 2026 година

Владата затоа одлучи за демографски мерки кои вклучуваат предмети на универзитетите и факултетите поврзани со бракот и „љубовното образование“ со цел да создаде позитивни ставови за бракот, љубовта, плодноста и семејството.

Станува збор и за мерки кои би ширеле почитување на бракот и раѓањето деца „на соодветна возраст“.

Имено, бројот на кинески жени во репродуктивна возраст, од 15 на 49 според ОН, се очекува да падне за повеќе од две третини до крајот на векот, на под 100 милиони, додека бројот на пензионери ќе се зголеми од сегашните 280 милиони до 400 милиони до 2035. милиони.