Хамас се согласил да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцнежна фаза

Сподели со своите пријатели

Хамас се согласи да одложи неколку отворени прашања во преговорите со Израел за подоцнежна фаза од предложениот прекин на огнот, во замена за ослободување на заложниците, изјави извор близок до групата, пренесува Танјуг.

Loading...

Извор за катарскиот весник Al Arabi Al Jaded изјавил дека египетските, катарските и американските посредници ја поддржуваат пораката на Хамас и дека Египет покажал подготвеност да прифати одложување на повлекувањето на израелските сили од областа на патеката Филаделфија долж границата Газа-Египет за подоцнежна фаза.

Како што јави Тајмс оф Израел, изворот изјавил дека преговорите сега се „блиску до завршување“ и дека одговорот на Израел на предлогот на Хамас се очекува во наредните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: Израелските сили убија многу повеќе луѓе во Газа отколку што беше објавено

Сепак, Израел нагласи дека нема да се согласи на прекин на огнот што ќе спречи продолжување на борбите.