Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор за инаугурација на Мадуро

Сподели со своите пријатели

Венецуела од денеска на три дена ја затвори границата со Колумбија, повикувајќи се на „меѓународен заговор“ неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро по трет последователен мандат, на што опозицијата се противи.

Loading...

Гувернерот на венецуелскиот регион Тахира, кој граничи со Колумбија, Фреди Бернал рече дека „има информации за меѓународен заговор чија цел е да го наруши мирот на Венецуелците“, а Мадуро побара затворање на границата со Колумбија.

Затворањето на границата е во сила од 5:00 часот денеска до истото време во понеделник, додаде гувернерот.

Објавувањето на изборната победа на Николас Мадуро за трет, шестгодишен мандат, предизвика силен отпор кај опозицијата, која смета дека победник на изборите, со повеќе од 67 отсто од гласовите, е лидерот на опозицијата Гонзалес Урутија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се обидува ли САД да го спречи човекот кој го организираше нападот на Кулите близначки да признае сè?

Урутија и лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо ги повикаа граѓаните да протестираат пред денешната инаугурација на Мадуро.

САД, Европската унија и многу земји од Латинска Америка исто така не ја признаваат изборната победа на Мадуро.