Мадуро: Уапсени седум „странски платеници“, меѓу кои и двајца американски државјани

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека е уапсена група од седум „странски платеници“, меѓу кои и двајца американски државјани.

Loading...

„Штотуку заробивме седум странски платеници, вклучително и двајца истакнати платеници од Соединетите Американски Држави“, рече Мадуро, кој во петок треба да ја преземе функцијата по трет мандат како претседател.

Тој додаде дека осомничените планирале насилни акции пред неговата инаугурација во петок, пренесува Ројтерс.

Меѓу уапсените има двајца Американци, двајца Колумбијци и тројца Украинци, рече Мадуро, без да го прецизира нивниот идентитет или конкретните обвиненија против нив.

На крајот на 2023 година, венецуелската влада ослободи десетици затвореници, вклучително и 10 Американци, по неколкумесечни преговори меѓу Каракас и Вашингтон, додека САД го ослободија блискиот сојузник на Мадуро, колумбискиот бизнисмен Алекс Саба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците откриваат што ги предизвика историските пожари во Лос Анџелес

Во изјавите од претседателската палата Мирафлорес, Мадуро во вторникот тврдеше дека безбедносните сили на неговата влада заробиле, како што рече, 125 странски платеници од 25 различни земји за кои рече дека влегле во јужноамериканската нација „да практикуваат тероризам против венецуелскиот народ“.

На изборите во јули минатата година Мадуро освои 51,20 отсто, а неговиот ривал Едмундо Гонзалес 44,02 отсто, објави претседателот на Изборната комисија на Венецуела, Елвис Аморозо, близок соработник на претседателот.

Опозицијата не ги признава резултатите, тврдејќи дека имало големи нерегуларности и дека нивниот кандидат освоил 70 отсто од гласовите.

Loading...

Во понеделникот, американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден рече дека Гонзалес е „вистинскиот победник“ на изборите на 28 јули.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турските вооружени сили во состојба на готовност

Мадуро е на функцијата од 2013 година и смртта на неговиот претходник Уго Чавез, пренесува Танјуг.