Педесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчера поради агресивно однесување кон полициски службеници.
Loading...
– На 07.01.2025 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.Р. (59) од село Орашец, кумановско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски