Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија, напаѓачот е уапсен

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж во вторникот околу 17:45 часот упадна во фабриката „Хенел“ во градот Бад Фридрихшал во германската покраина Баден-Виртемберг, а осомничениот е уапсен по повеќечасовна потрага.

Loading...

Според полицијата, двајца мажи биле застрелани, додека третиот е тешко повреден, пренесува Билд.

По осомничениот трагаше голем број полициски персонал, вклучително и хеликоптер и тим за специјални операции (СОТ).

Напаѓачот успеал да побегне, но бил фатен по неколкучасовна потрага.

Според германските медиуми станува збор за работник во фабрика (52) во која се вработени околу 400 вработени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турските вооружени сили во состојба на готовност