Малолетник со повреди од пиротехника заврши во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Со повреди од пиротехнички средства, малолетник завчера бил донесен во Општа болница Куманово.

– На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник. Според пријавеното малолетникот со повредите се здобил од пиротехнички средства – петарди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  506 ГОДИНИ КУМАНОВО: Како започнал развојот на градот пред повеќе од пет века?